Проекти
Еразмус
Американски Универзитет на Европа – ФОН е носител на Еразмус Универзитетска Повелба (Стандарна Повелба и Студентски работни позиции). Добивањето на статус на високо образовна институција носител на Еразмус Универзитетска Повелба за период од 2021 до 2027 е предуслов за користење на средства од Еразмус фондовите на Унијата за спроведување на активности на индивидуална мобилност на студенти и кадар и координирање на меѓународни проекти.
Меѓународни проекти

Еразмус плус KA203
Стратешко партнерство за трансдисциплинарни балкански студии: геофилозофија на Балканот (ГеоБалканс)
АУЕ ФОН е добитник на грант во рамките на програмата Еразмус плус КА203 за Стратешко партнерство за трансдисциплинарни балкански студии: геофилозофија на Балканот. Проектот е во времетраење од 3 години (2020 – 2023) и има за цел да ја развие и зајакне основата на локалната и регионалната академија што ќе поттикне поголема толеранција, помирување и демократизација на Балканот. Соединувајќи партнери од С. Македонија, Србија, Грција и Италија и обраќајќи им се на идните студенти од регионот и пошироко, проектот промовира иницијативи за надминување на националистичките политички дискурси и меѓудржавните спорови, поттикнувајќи меѓукултурен дијалог и нови, критички пристапи кон културното и политичкото наследство на регионот.
Клучна цел: дизајн, развој и воспоставување на интегрирани, транс-балкански и транс-европски последипломски и докторски студии кои ќе ги спојат најдобрите европски практики во изучувањето на именуваните области, поддржани преку врвни трансдисциплинарни методологии и соработка во општествените, хуманистичките и природните науки.
ГеоБалканс е адресиран до:
1) Студенти, истражувачи и експерти во општествени науки и хуманистиката
2) Цивилното општество кое се занимава со социјалната, политичката и културната динамика во регионот
3) Креаторите на јавни политики и вработените во јавната администрицаја.
АУЕ ФОН е водечки партнер во проектот кој е сочинет од конзорциум од пет европски универзитети. Покрај АУЕ ФОН, учесници се и Универзитетот СИНГИДУНУМ од Белград, Србија, Универзитетот ПАНТЕОН, Грција, Универзитетот ОРИЕНТАЛЕ од Неапол, Италија и Универзитетот ВЕРОНА од Верона, Италија.
Agreement Number: 144650-TEMPUS-2008-IT-JPGR
GRANT AMMOUNT (Euro): 819840,00
ViCES (TEMPUS)
The equipment of the project ViCES is installed in room 609 at FON University – Skopje.
Acronym: | ViCES |
Agreement Number: | 144650-TEMPUS-2008-IT-JPGR |
GRANT AMMOUNT (Euro): | 819840,00 |
Total project finance (Euro): | 863671,00 |
Co-financing quota (Euro): | 43831,00 |
Eligibility period: | 15.01.2009 – 14.01.2012 |
Grant holder: | Prof. Enrica Caporali, University of Florence |
Partner Country: | MK |
Subject area: | 948 Open and Distance Learning Life – Long Learning Activities |
Language of application: | English (EN) |
Language: | EN |
Project Type: | Joint Project Governance Reform |
Agreement Number: 511342-TEMPUS-1-2010-1-UK-TEMPUS-JP
GRGRANT AMMOUNT (Euro): 571.065,30
Код:511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR
Вредност: 713.818,93 EUR
Траење: 3 години
Код: 511224-TEMPUS-1-2010-1-AT-TEMPUS-JPHES
Вредност:855.924,99 EUR
Траење: 3 години
Проф. д-р Солза Грчева е избрана да биде член на комитетот на Европската COST Акција IS1004 WEBDATANET, каде членуваат 22 земји од Европа. Проектот трае до средината на 2015 година. Ова е уште една големo признание, но и нова можност за унапредување на информатичката наука на АУЕ-ФОН Универзитетот
Линк до проектот:
Програма за партиципација 2010-2011
Цел на проектот: Креативната примена на ИКТ ( Информатички и комуникациски технологии) во образованието е обично обременета со големи трошоци за лиценциран софтвер. Овој проект е фокусиран на алтернатива која значи примена на голем број постоечки, т.н. слободен софтвер за образование, кој е со врвен квалитет и бесплатен. Оваа идеја се надоврзува на Националната стратегија за употреба на отворени оперативни системи. Нашиот проектен тим, со големо искуство и знаење од областа на ИКТ во образованието, ќе развие Интернет портал каде ќе се промовира употребата на: отворени текстови, книги, линкови кон слободен софтвер за образование, снимени лекции, софтверски решенија, успешни примери. Порталот ќе се одржува на Македонски и на Албански јазик.
Време за имплементација: до крајот на 2011 година
Носител: Факултет за Информатика, Проф. Д-р Солза Грчева
The main objective of the COST Action IC0904: Towards the Integration of Transectorial IT Design and Evaluation is to harmonize research and practice on modern design and evaluation methodologies across disciplines. Design and evaluation in each of these areas demands different suites of interdisciplinary expertise and methodologies, given their specific underpinning disciplines, preferred metaphors, assumptions, goals, and values. As a result of new demands, third generation of D&E; principles emerges, that aims to summarize all the existing knowledge that is by nature multidisciplinary.
Full professor, d-r Solza Grceva from the Faculty of Informatics, at FON University is a Member of the Management Committee.
As a group we consider the participation in this COST action as a good opportunity to network with the researchers targeting different D&E; methodologies from different angles and disciplines. We can participate in the working groups and we are also confident that the knowledge transfer can go both ways. It will be of a great benefit for our institution, but also for our country where this research is gaining in importance.
Prof. d-r Solza Grceva
Бесплатни веб ресурси за учење на лица со оштетен вид
Програма за партиципација 2012-2013
Цели:
Целта на проектот е да се развијат и имплементираат бесплатни веб ресурси кои ќе бидат достапни за учениците со оштетен вид во основно и средно образование во Р. Македонија, како и за нивните учители. Овие ресурси воедно ќе бидат и платформа за бесплатно професионално усовршување на учителите за иновативно учење во ваквите училишта.
Инклузивноста на лица со хендикеп е круцијална обврска на едно модерно општество. Таа најефикасно се реализира преку едукацијата на овие лица. Овој проект е чекор над конзервативното учење и обезбедува учениците со оштетен вид да се стекнат со иновативна имплементација на електронско учење која се базира на последните ИКТ технологии за оваа категорија на корисници. Во рамките на проектот ќе биде искористен постоечки бесплатен портал за учење, популарен во државата, и ќе биде надограден со модул кој содржините ќе ги претвора во аудио материјал.
Модерното учење се базира на системи за управување со образовни содржини, како алатки за дистрибуција на содржини, но овие алатки се неупотребливи за лицата со оштетен вид без соодветни технолошки помагала кои вообичаено се многу скапи (Браеви редови или лиценцирани текст-во-говор модули). Нашата истражувачка група на ФОН Универзитет развива текст-во-говор (Text-to-Speech – TTS) модул за македонскиот јазик со многу задоволителни резултати. Нашите резултати се прифатени од Сојузот на слепи на Р. Македонија, како официјално тело. Можеме да го искористиме нашето експертско знаење да го интегрираме нашиот TTS модул со системот за управување со образовни содржини, така што последниот ќе го трансформираме и надградиме со аудио карактеристики. На овој начин, слепите лица ќе добијат пристап отворените содржини, упатствата, книгите, инструкциските софтвери и слично. Ова би било значаен чекор напред кон нивната инклузија и ќе им овозможи остварување на нивните генерациски права на модерното образование.
Време за имплементација: до крајот на 2013 година
Носител на Проектот: Факултет за информатика, Доц. Д-р Славчо Чунгурски
Национални проекти
Проект Бр. 13-3606/2 одобрен и финансиран од Министерство за наука и образование, Република Македонија
• Времетраење: 2 години (2010-2012)
• Цели на проектот:
Последниве неколку години бележат тенденција на зголемена понуда од курсеви по странски јазици наменети за деца од предучилишна возраст. Овој тренд е во духот на светските едукативни политики за воведување задолжителен странски јазик на што порана возраст (на пр. Англија, Шведска).
Од научен аспект, предноста на раната возраст за изучување на странски јазик се темели на т.н. претпоставка за ‘критичен период’ од животот за време на кој човекот е најподготвен за учење јазик (Lennenberg 1967). Иако постоењето на истиот е сеуште недокажана хипотеза за изучување на странски јазик, непобитен е фактот дека децата се поуспешни изучувачи на странски јазици, кога се разгледуваат како група и кога се оценуваат долгорочно.
И покрај популарноста на детските курсеви за странски јазици, широката јавност има низа прашања околу вакво изучување на странски јазици: Од која возраст е најдобро да се почне? Дали се оптоварува детето? Колку јазици може да се учат напоредно? Дали детето нешто воопшто ќе научи? Целта на предложениот проект е продлабочување на научните знаења од областа на рано изучување на јазик преку обид да се одговори на дел од постоечките дилеми. Тоа ќе се постигне преку експериментално истражување во кое ќе се споредува компетенцијата по странски јазик (најмногу англискиот) кај деца кои започнале да го учат во предучилишна возраст (4-6 години) и оние кои прв пат се сретнале со тој јазик во формални услови (училница), како задолжителен предмет во прво одделение. Поконкретно, децата ќе се споредуваат во две временски етапи (на почетокот на учебната година и на крајот од учебната година), во низа однапред одредени јазични вештини.
Од дидактички аспект, во проектот се планира да се вклучи и експериментална група на деца со која ќе биде тестиран ефектот на фоникс (phonics) како систем за изучување читање и пишување на англиски јазик кај деца на кои тој не им е мајчин јазик. Од теоретски аспект, предложениот проект дополнително ќе ги спореди децата рани изучувачи на англискиот со деца-рани изучувачи на францускиот јазик за да се анализира опсегот на влијанието на англискиот јазик вон формалната средина во која се изучува истиот. Понатаму, француско-англиски билингвални и француско-англиско-македонски трилингвални деца планирано е да се вклучат во проектот за да се тестира когнитивната подготвеност на децата за изучување на повеќе јазици одеднаш.
Резултатите од истражувањето ќе бидат теоретско корисни, а ќе најдат и директна примена во едукативната пракса и јазичното планирање на Р. Македонија.
Врз основа на добиените резултати би дале иницијатива до Министерството за образование и наука да му го олесни пристапот до предучилишно изучување на странски јазик на секое дете и да го инкорпорира со компјутерско описменување. Бидејќи очекуваме фоникс-методата коренито да им го олесни изучувањето на англискиот јазик посебно на македонските изучувачи на истиот, заради сличноста со изучување на македонската азбука, би го ревидирале и надополниле постојаниот Прирачник за наставници по англиски јазик во рана училишна возраст. Овие мерки, би опфатиле и предлози за најсоодветно оценување на знаењето по странски јазик кај деца од раноучилишна возраст.
Резултатите од истражувањата ќе бидат јавно достапни преку нивна дисеминација во медиумите, организирани семинари и работилници, како и низ стручни публикации.
• Членови на тимот:
Главен истражувач: доц. д-р Ана Лазарова-Никовска, Универзитет ФОН, Скопје, Македонија
Истражувач-соработник: д-р Тереза Пароди, Универзитет на Кембриџ, Англија
Млади истражувачи: Виш лектор м-р Љубица Кардалеска, лектор м-р Искра Стаменкоска, двете од Универзитет ФОН, Скопје, Македонија
Останати истражувачи: проф. д-р Лиљана Калиниќ-Ордев, Виш лектор м-р Наташа Алексоска, Универзитет ФОН, Скопје, Македонија, Биљана Маричиќ-Јакимовска, психолог-психотерапефт, Младост’, ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје.
Статистиката ја изработува: асс. м-р Емилија Камчева, Универзитет ФОН, Скопје, Македонија
- Проект Брstrong 13-3965/1 одобрен од Македонското министерство за наука и образование
- Времетраење: 2 години (2010-1012)
- Цели на проектот
Овој проектот има за цел да ги идентификува, класифицира и објасни карактеристиките на англискиот меѓујазик од македонски говорители, поточно англискиот јазик кој го зборуваат изучувачите во Република Македонија. Посебно се фокусираме на влијанието на македонскиот како мајчин јазик или како јазик на средината, а ќе се започне со анализа на првите три нивоа на знаење (А1, А2 и Б1) од Заедничката европска референтна рамка за јазиците (ЗЕРР). Главна задача е да се спроведе анализа заснована на теориските резултати, која ќе користи современи емпириски методи врз електронска база на податоци (корпус на усни и писмени примероци), а потоа вака добиените резултати ќе се сумираат во практичен прирачник наменет за наставниците по англиски јазик и студентите на соодветните студиски групи.
Првичната верзија на базата (Македонски корпус на англискиот меѓујазик – МКАМ) е поставена на следната адреса http://mkam.app.fon.edu.mk/Default.aspx и во неа се внесени околу 1000 испитувачи од различни возрасти и нивоа на познавање на англискиот јазик. Базата ќе продолжи да се доградува и ќе служи и за идни истражувања.
Ако сакате да се вклучите како собирач на податоци или како истражувач, обратете се до главниот истражувач проф. д-р Лилјана Митковска (liljana55@yahoo.com; liljana.mitkovska@fon.edu.mk ).
- Членови на тимот:
- Главен истражувач: проф. д-р Лилјана Митковска, Универзитет ФОН, Скопје (liljana55@yahoo.com)
- Истражувачи: проф. д-р Елени Бужаровска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје (elenibuzarovska@t-home.mk ) доц. д-р Марија Кусевска, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип (kusevska2003@yahoo.com)
- Информатичар: доц. д-р Славчо Чунгурски, Универзитет ФОН, Скопје (chungurski@gmail.com)
- Помлади истражувачи: асс. м-р Анастазија Киркова-Наскова, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје (akirkova@mt.net.mk) лектор Ивана Живковиќ-Кеврешан, Универзитет ФОН, Скопје (zivkovich@gmail.com)
Корпусни истражувања на англискиот меѓујазик на македонските изучувачи: Усвојување и меѓујазично влијание
Лилјана Митковска, Марија Кусевска, Елени Бужаровска
Скопје: Прв приватен универзитет-ФОН 2013
ISBN 978-608-4506-32-4
Mitkovska, Liljana and Kusevska, Marija and Buzarovska, Eleni (2013) Корпусни истражувања на англискиот меѓујазик на македонските изучувачи: Усвојување и меѓујазично влијание. ФОН Универзитет, Скопје.
Корпусни-истражувања-Вовед (download here)
Summary_Eng (download here)
- Меѓународната конференција за применета лингвистика: Практиката во јазикот, јазикот во практиката

Интерни проекти
Во соработка со реномирани македонски компании, ФОН универзитетот ја започна кампањата “И во Македонија се може”, со која веќе три година по ред се стипендраат најдобрите матуранти од земјава.
Фабрика на знаење е наставно-научен и апликативен проект на Универзитетот ФОН со кој се спојуваат студентите, бизнис заедницата и јавните институции на едно место, во насока на реализација на поставените задачи. Целта на проектот е да се создадат реални и квалитетни производи од страна на студентите, како зададена задача од партнерските компании кои учествуваат во проектот. Фабрика на знаење се обидува за првпат кај нас да ја конкретизира соработката на високообразовните институции и реалниот сектор.
Преку проектот Фабрика на знаење се имплементираат теоретски стекнатите знаења во текот на студирањето, се промовира потенцијалот на нашите студенти пред идните работодавци, а воедно и се потенцира квалитетот на едукативниот процес со кој Универзитет ФОН може да се гордее.
Право на учество во проектот Фабрика на знаење имаат студентите од прва до петта година заради неопходноста од поседување одредени предзнаења за учество во проектот. Проектот е конципиран интередисциплинарно, односно учество во проектот земаат студентите од сите факултети кои се дел од Универзитетот ФОН. Ваквиот концепт ја овозможува комплетната реализација што би можела да ја даде некоја етаблирана компанија, со оглед на разновидноста на едукацијата која ја имаат сите студенти, кои се дел од проектот.
Целите на овој проект се поделени во два дела.
Првиот дел се однесува на употребата на тимовите како една од најважните алатки во функционирањето на многуте компании. Целта на формирањето тимови од студенти е тие да служат како еден вид организациска алатка за решавање на проблемите со кои ќе се соочуваат. За да се постигне внатрешна кохезија и флексибилност, тимовите се составени од студенти чии работни вештини се поврзани со проблемот со кој се соочуваат. Во рамките на тимот, исто така, постојат ефикасни канали на комуникација поддржани од самата желба на членовите на тимот да споделат идеи и знаење.
Реализацијата на зададените активности оди во следните чекори:
- Во рамките на тимот студентите ја делат работата во три нивоа и тоа: на индивидуално ниво, на ниво на тимот и на ниво на поголема организациска структура; со цел успешно завршување на задачите.
- Поставуваат и дефинираат јасни цели и начини како тие цели да се остварат и постигнуваат тимска ефикасност и ефективност при извршувањето на задачите;
- Со проектот се гради тимската култура и позитивната внатрешна атмосфера, а се развива и чувството на доверба помеѓу членовите во тимот.
Вториот дел се однесува на надградувањето на дотогаш стекнатите академски знаења на студентите во соодветните области.
- Се разгледуваат можностите за управување со производите и влијанието од моменталните услови на пазарот врз портфолиото и животниот циклус на производот, карактеристиките на успешните и на неуспешните производи и тоа како тие да се задржат на пазарот.
- Се идентификуваат конкуренцијата, трендовите на пазарот, целната група, се спроведува истражување на пазарот, се анализира процесот на донесување одлуки на купувачите и се разгледуваат сите каналите на дистрибуција.
- Потребно е да направат и да се креираат објаснувања за самиот концепт на производот и за неговото пакување, за неговите дизајнерски решенија како и комплетна маркетинг промоција на производот на пазарот.
- Да бидат целосно сигурни како да управуваат со производите во новиот свет на дваесет и првиот век.
Како резултат на претходно наведените цели, студентите имаат можност да ги имплементираат своите академски размислувања во управувањето со производите и во практичното дејствување на претпријатијата. Целиот процес низ кој ќе поминуваат студентите се состои од следните седум фази:
1. Генерирање идеи – размислување и генерирање идеи за нови производи или за нова производствена линија, како и усовршување на веќе постоечките производи, кои ќе и помогнат на компанијата да ги постигне своите цели.
2. Разгледување на идеите – дали целната група на потенцијалните потрошувачи ќе има бенефиција од производот; колкава е целната група и кои се предвидувањата за проширување кон новите целни групи; разгледување на директната и на индиректната конкуренција на пазарот; кои се трендовите на пазарот врз кои се базира самата идеја; дали е технички изводливо да се произведе тој производ; разгледување на профитабилноста на компанијата по производството и доставување на производите до крајните потрошувачи.
3. Развој на концептот и тестирање – идејата за производот им е презентирана во некој определен сегмент на потенцијалните купувачи преку писмена или усна презентација, со цел да се одредат ставовите и намерите на купувачите во однос на производот; да се утврди каква бенефиција ќе имаат купувачите; на кој начин производството ќе биде најрентабилно.
4. Бизнис анализа – разгледување на финансиската ефикасност; како новиот производ ќе влијае врз продажбата на фирмата, трошоците и профитот; проценка на рамнотежната цена, итн.
5. Техничка изводливост – дали е технички изводливо да се произведе производот со ниски трошоци и притоа да се определи разумна цена, а потоа да се создаде и одреден прототип.
6. Техничка имплементација – создавање нова програма; проценка на достапните ресурси; распореди во тимот; соработка помеѓу добавувачите; логистички план; формулирање на датабазите; разгледување на програмата и мониторинг; 7. Комерцијализација – лансирање на производот и негова промоција;
8. Буџетирање – подготовка на буџетите; разгледување на фиксните и на варијабилните трошоци за производство; идни прогнози за профитот.Проектот Фабрика на знаење за прв пат се воведе во 2010 година, а се реализира три години по ред. Секоја година во проектот учествуваат различни компании, кои поставуваат задачи што се од нивен интерес. Во академската 2010/2011 година, во проектот Фабрика на знаење учествуваа: Млекара „Бимилк“, „Veze Sharri“ и „Lecker“, „Тутунска Банка“, „One”, „Renova“ и „Фине“. Во Академската 2011/2012 година, пак, во проектот учествуваа компаниите: „Комерцијална Банка“, „Тиквеш“, „ТАВ“, „Грозд“, „Пофикс“ и проектот за развој на регионот на Охрид, Струга и Подградец. Оваа година во проектот се вклучија: „Дирекцијата за заштита на личните податоци“, „Халк Банка“, „Комфи Анѓел“ и „Фабриката Карпош“.
Проектот завршува во текот на месец мај со организирање завршна церемонија. На оваа церемонија, секој од тимовите го презентира сработеното и се оценува успешноста на студентите во реализацијата на зададените задачи од претставниците на компаниите.
Со овој проект, Универзитетот ФОН ги надополнува своите активности за унапредување на квалитетот на наставата преку еден веќе воспоставен модел, но со оригинален пристап и со идеи. Првата година, кога Фабрика на знаење почна да се реализира како пилот проект, постигна голем и неочекуван успех. Со признанијата добиени од компаниите кои учествуваа и со позитивните реакции на пошироката јавност, проектот поттикна интерес за учество на нови големи и престижни компании. Креативните и применливи решенија на студентите го направија проектот исклучително атрактивен, а Универзитетот ФОН – горд на својот капацитет и потенцијал.




