Информатика

Факултет за информатика

Акредитации:
Развитокот на информатиката секојдневно предизвикува промени во начинот на живеењето на луѓето во модерното-информатичко општество. Ваков динамичен раст и развој на информатиката и нејзината примена во сите аспекти во работата и на животот на луѓето внесува потреба од висококвалитетен и обучен кадар од областа на компјутерските науки, способен да одговори на предизвиците на својата професија. Факултетот за информатика образува кадри способни да покажат познавања, професионалност и експертиза во дисциплината компјутерски науки, во прв и втор циклус на студии. Мисијата на факултетот е овозможување комплетна образовна и научна средина во која се изведува современа и квалитетна настава како примарна цел за подготовката на студентите за успешна кариера, постдипломски студии и доживотно учење. Образовниот процес се изведува преку настава со користење на современа технологија, овозможување на практично искуство на студентите, обновување на професионални вештини и бази на знаења, како и размена на активности и на знаење со други стручњаци. Факултетот за информатика при Американскиот универзитет на Европа-ФОН на првиот циклус на студии подготвува инженери по информатика по компјутерски науки. Студиите се организирани по модел 4+1 каде што основните студии од 1 циклус имаат времетраење од 4 години. По завршувањето на 4-те години, студентите се здобиваат со звање Дипломиран инженер по информатика – компјутерски науки. Постдипломските студии ја опфаќаат 5-тата година и се составени од области кои го оспособуваат кандидатот за самостојна научноистражувачка работа од областа на компјутерските науки. По одбраната на магистерскиот труд, кандидатот се здобива со звање Магистер по информатика – компјутерски науки. Преку дополнителните проекти кои ги организира АУЕ-ФОН, како што е на пример проектот „Фабрика на знаење“, студентите во текот на студирањето го стекнуваат искуството што им е потребно после завршувањето на своите студии, кога треба теоријата и праксата која ја стекнале на факултетот да ја преточат во успешна професионална кариера.